„Ѓорче Петров ја добива најголемата фотоволтаична централа на кровна површина во Македонија“

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЈА ДОБИВА НАЈГОЛЕМАТА ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА НА КРОВНА ПОВРШИНА ОД 2️⃣.1️⃣ MW ВО МАКЕДОНИЈА, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Продолжуваме со конкретни чекори кон одржлива и модерна општина. Потпишавме договор за ЈПП за поставување на кровна фотоволтаична централа со вкупен капацитет од 2.1 MW, на крововите на основните училишта, со што директно инвестираме во чиста енергија, енергетска ефикасност и намалување на трошоците за електрична енергија. Со оваа постапка општина Ѓорче Петров, без финансиски импликации по буџетот, добива најмалку 6 милиони денари годишно, чекор кон целосна енергетска независност. Овој проект значи: ✔️ пониски трошоци за општината ✔️ повеќе средства за нови проекти за граѓаните ✔️ заштита на животната средина ✔️ современа и одговорна локална самоуправа Инвестираме паметно. Градиме одржлива иднина, тоа е основа за долгорочни заштеди, чиста енергија и пример што ќе го следат и други општини. Продолжуваме да работиме посветено за иднината на нашите граѓани!