Сопругата на херојот-возач на Брза помош: Никогаш нема да го заборавам гестот на премиерот Христијан Мицкоски

Една година од трагедијата. Го загубив мојот сопруг, човек кој беше мојата сила, мојата поддршка и мојата најголема љубов. Болката не поминува, само човек учи да живее со празнината во душата што е создадена, пишува Анета Демерџиева Гоцевска, сопруга на Иле Гоцевски, возачот на Брза помош кој почина ден по ужасот во Кочани. -Иле целиот свој живот го посвети на помагање на другите како возач на брза помош. Тој е мојот тивок херој кој секогаш беше таму кога некому му беше најпотребно. Во најтешките моменти од мојот живот, кога тагата беше преголема, никогаш нема да го заборавам гестот на премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот лично дојде да ја сподели нашата болка и да изрази почит кон мојот сопруг. И во такви моменти човек не гледа функција, туку гледа човек. Јас во него видов човек со големо срце, со топлина и искрена човечност. Неговото присуство ми даде чувство дека не сме сами во нашата тага, вели таа. -Тоа беше тивка, но голема поддршка која ќе ја паметам засекогаш. Во време на голема болка, неговата човечка димензија и искрената грижа оставија длабока трага во моето срце. Човечноста е највисоката човечка вредност, порача Анета.