Приведен возач без возачка дозвола и со 1,64 промили алкохол во крвта

Приведен возач без возачка дозвола и со 1,64 промили алкохол во крвта Александра Спасеска 16.03.2026 / 12:50 Хроника На 16.03.2026 во 01:05 часот кај месноста „Мороишки мост“ на регионалниот пат Струга–Враништа, полицијата го приведе А.Х.(40) од струшкото село Лабуништа. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга сопреле патничко возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал. Притоа било констатирано дека тој немал положен возачки испит и немал право за управување моторно возило од „Б“ категорија. Дополнително, при извршено алкотестирање му биле констатирани 1,64 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил исклучен од сообраќај, возилото било одземено, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро Off