Седлоски го откри составот за мундијалскиот бараж против Данска Филип Здравески 16.03.2026 / 13:22 Фудбал Денеска на прес-конференција во Куќата на фудбалот на ФФМ, новиот селектор на репрезентацијата, Гоце Седлоски, го откри составот од 28 играчи за претстојниот полуфинален бараж натпревар за пласман на Светското првенство 2026 против Данска, како и за финалниот бараж или пријателски меч неколку дена подоцна. Селекторот Гоце Седлоски; Фото: ФФМ Како што рече неколку пати откако седна на селекторското место, повика неколкумина играчи од домашната лига. Дебитант е стоперот на тетовска Шкендија, Имран Фетаи, за кого нагласи дека добро го следел изминатиов периов и смета дека одиграл одлично како во Конференциската лига на УЕФА, така и во првата лига. По некое време во тимот ги врати Бобан Николов, Љупче Дориев и Егзон Бејтулаи. Од интернационалците, дебитанти се напаѓачот роден и израснат во Америка, Дени Мусовски, и левиот бек роден и израснат во Колумбија, Себастиан Ерера, кој може да ја претставува Македонија бидејќи играше 5 години за Работнички, а и е во брак со Македонка. „Не сакав да менувам многу во тимот. Додадов само неколку играчи за кои мислам дека можат да внесат квалитет во тимот, особено на позицијата десен бек, која е проблематична“, рече Седлоски на пресот. Алиоски е на списокот, но неговиот тим не дозволува да се приклучи на националниот тим бидејќи моментално е повреден. Неговата ситуација ќе биде следена и ќе бидат донесени дополнителни одлуки. Голмани: Столе Димитриевски – Валенсија (Шпанија) Дејан Илиев – Рапид (Романија) Дамјан Шишковски – Борац (Босна и Херцеговина) Одбрана: Висар Муслиу – Синт-Трујден (Белгија) Езгјан Алиоски – Лугано (Швајцарија) Никола Серафимов – Левски (Бугарија) Ѓоко Зајко в – Аџман (ОАЕ) Андреј Стојчевски – Словацко (Чешка) Дарко Велковски – Вардар (Македонија) Себастиан Ерера Кардона – Борац (Босна и Херцеговина) Имран Фетаи – Шкендија Егзон Бејтулаи – Дрита (Косово) Средина: Елиф Елмас – Наполи (Италија) Енис Барди – Конјаспор (Турција) Јани Атанасов – Лариса (Грција) Исник Алими – Далјен Инбо (Кина) Лука Станковски – Колос (Украина) Тихомир Костадинов – Словацко (Чешка) Решат Рамадани – Шкендија (Македонија) Бобан Николов – Вардар (Македонија) Љупчо Дориев – Согдијона(Узбекистан) Напад: Бојан Миовски – Ренџерс (Шкотска) Милан Ристовски – Бохемианс 1905 (Чешка) Дарко Чурлинов – Коџаелиспор (Турција) Александар Трајковски – Локомотива (Хрватска) Елмин Растодер – Тун (Швајцарија) Лирим Ќамили – Сендерјиске (Данска) Дени Мусовски – Сиетл Саундерс (САД) Македонија прво ќе патува во Копенхаген за да се соочи со Данска во полуфиналниот бараж на 26 март, додека во зависност од исходот потоа на 31 март ќе се соочи со Чешка или Ирска во Прага или Даблин во финалниот плејоф или само на пријателски меч. Собирот на играчите е в недела, 22 март, во Скопје, додека следниот ден ќе биде првиот тренинг во 16:00 часот кога се очекува сите играчи да бидат пристигнати. Гоце Седлоски Македонија фудбал Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро On