Кои автомобили со бензински мотор трошат најмалку гориво?

Кои автомобили со бензински мотор трошат најмалку гориво? Александра Спасеска 16.03.2026 / 13:38 Авто новости Во време кога цените на горивата се високи, а нивното движење е неизвесно, ниската потрошувачка станува еден од најважните фактори при купување нов автомобил. Во Германија, каде цените на бензинот се над 2 евра за литар, клубот ADAC состави листа на најекономични модели со бензински мотор на пазарот, од градски автомобили до автомобили од висока класа, за да им помогне на купувачите да изберат. Треба да се напомене дека ADAC вклучи во изборот автомобили со хибриден погон чиј главен мотор е бензин, па затоа е логично што овие модели излегоа на врвот на листата на најекономични. Градски и мали автомобили Во категоријата на најмали автомобили, на самиот врв се структурно идентичните модели Toyota Yaris Hybrid и Mazda 2 Hybrid, кои, според фабричките податоци, трошат само 3,8 литри на 100 километри. По нив следуваат Renault Clio Hybrid E-Tech 160 со потрошувачка од 4,1 литри и Mitsubishi Colt 1.6 Hybrid, модел кој наскоро ќе биде повлечен од пазарот, со потрошувачка од 4,2 литри. Компакт класа Дури и во компактната, односно пониската средна класа, хибридната технологија овозможува ниска потрошувачка. Најекономичен е малиот SUV Mitsubishi Grandis 1.8 Hybrid со просек од 4,3 литри. Веднаш зад него се Toyota Corolla Hybrid со 4,4 литри и Kia Niro 1.6 GDI Hybrid, која троши 4,5 литри бензин на 100 километри. Средна класа Моделите од средната класа докажуваат дека пространите семејни автомобили не мора нужно да бидат големи потрошувачи. Листата ја предводи Dacia Bigster Hybrid 155 со потрошувачка од 4,7 литри. По нив следуваат Škoda Octavia 1.5 TSI mHEV со 4,8 литри и Renault Espace E-Tech Full Hybrid, кој троши просечно 4,9 литри на 100 километри. Виша класа Дури и во сегментот на повисоките класи на возила, може да се најдат економични модели. На врвот на листата се Lexus ES 300h и Škoda Superb 1.5 TSI, кои делат потрошувачка од 5,1 литри на 100 километри. Само малку повеќе, 5,3 литри, троши Volkswagen Passat Variant 1.5 eTSI, што воедно го рангира меѓу најефикасните автомобили во својата категорија, пишува ADAC. потрошувачка на гориво Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On