За сите што постат: Посна паста болоњезе со леќа и ореви Филип Здравески 16.03.2026 / 14:21 Рецепти Направете посна паста болоњезе која ќе ги воодушеви дури и најголемите љубители на месо. Заменете го месото со црвена леќа и ореви. Болоњезе е едно од најпознатите јадења во италијанската кујна, познато по својот богат вкус и ароматичен доматен сос кој совршено оди со тестенини. Во посни и вегански верзии, овој класик може да биде подеднакво вкусен, благодарение на внимателно одбраните состојки кои му даваат полност и текстура на јадењето. Комбинацијата од црвена леќа и ситно сечкани ореви му дава на сосот богат вкус и хранлива вредност, додека зеленчукот и зачините ја создаваат препознатливата арома на традиционалното болоњезе. Ова е совршен избор за секој што бара лесен, но заситувачки оброк без месо. Потребни состојки: 2–3 лажици масло 1 голема главица кромид 2 моркова 100 гр целер сол бибер оригано магдонос босилок 1 лажичка доматно пире 2 чешниња лук 150 гр црвена леќа 50 гр ореви 400 гр конзервирани домати 200 мл доматно пире 200 мл вода 1 лажичка балсамико оцет 400 гр тестенини по ваш избор Подготовка: Во голем сад загрејте го маслото на средна температура. Додадете ги ситно исечканите кромид, морков и целер, па пржете неколку минути додека зеленчукот не омекне. Додадете ги зачините, малку сол и бибер и продолжете кратко да пржите за да се ослободи аромата од зеленчукот. Додадете доматна паста и ситно сечкан лук во смесата и кратко пржете сè заедно константно мешајќи. Додадете ја исцедената леќа (претходно натопена во вода) и ситно сечканите ореви, потоа додадете ги конзервираните домати исечкани на коцки, доматното пире и водата. За поинтензивен вкус и мирис, додадете малку црвено вино или зеленчукова супа додека сосот крчка. Откако сосот ќе почне да врие, намалете ја температурата и варете на тивок оган околу 30 минути, додека леќата целосно не се свари. Додадете малку повеќе вода доколку е потребно за време на готвењето ако сосот стане премногу густ. На крај, додадете го балсамико оцетот. Пробајте го сосот и по потреба зачинете со уште сол и бибер. Во меѓувреме, варете ги тестенините во солена вода според упатствата на пакувањето, додека не станат ал денте. Исцедете ги тестенините и послужете ги со богат сос од леќа и ореви. По желба, наросете со свежи билки. посно јадење паста Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On