Во Итната помош во Кочани нападната лекарка, поднесена кривична пријава

Полицијата во Кочани поднесе кривична пријава против М.Н.(47) од село Бурилчево, општина Чешиново-Облешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста. Според пријавата, на 19.12.2025 година, во службените простории на Итна медицинска помош во Кочани, пријавената физички нападнала лекарка. Полицијата информира дека против неа е поднесена соодветна кривична пријава. Текстот Во Итната помош во Кочани нападната лекарка, поднесена кривична пријава е превземен од МАКФАКС .