Седлоски: Свесни сме дека Данска е топ репрезентација и фаворит Филип Здравески 16.03.2026 / 15:45 Фудбал Македонскиот селектор е свесен дека Данска е фаворит на претстојниот бараж, но тоа во никој случај не значи дека македонската репрезентација во Капенхаген нема да оди на победа. Фото: MacedonianFootball.com Откако на прес-конференција денеска Гоце Седлоски го објави списокот на повикани играчи, пред новинарите ги кажа и своите размислувања и очекувања од претстојниот бараж на ма6 март во Копенхаген. „Баражот против Данска за пласман на Светско првенство е натпревар кој носи голема тежина, но и огромен мотив за сите нас. Времето за подготовка е многу кратко, нецели два дена. Токму затоа го задржав костурот на тимот кој настапуваше во квалификациите. Тоа е група фудбалери кои добро се познаваат, имаат изградено хемија и веќе знаат што значи да се игра ваков натпревар. Секако, направив и одредени освежувања таму каде што сметав дека е потребно. На списокот има тројца дебитанти, Фетаи, Ерера и Мусовски. Веруваме дека со формата и квалитетот што го покажуваат заслужија шанса и дека можат да донесат дополнителна енергија во тимот. Во составот се враќаат и Дориев, Николов и Бејтулаи, фудбалери кои добро го познаваат системот и атмосферата во репрезентацијата и кои во минатото знаеле да дадат важен придонес“, рече селекторот. „Свесни сме дека Данска е топ репрезентација и дека ја има улогата на фаворит, особено затоа што натпреварот се игра во Копенхаген, но ние имаме јасна идеја, голема мотивација и верба во фудбалерите. Наш фокус е исклучиво на тоа како ние ќе изгледаме на теренот и како ќе одговориме на предизвикот“, заврши Седлоски. Гоце Седлоски Македонија фудбал Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро Off