СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите законски решенија за цените на горивата Филип Здравески 16.03.2026 / 16:26 Македонија СДСМ побара Владата итно да ги прифати предлог-законските решенија на партијата за, како што наведуваат, запирање на кризата со цените. Од партијата соопштија дека од утре следува ново поскапување на горивата , што според нив дополнително ќе ги зголеми цените на сите производи, особено на прехранбените. Како што потсетуваат, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, пред една недела предложи три клучни мерки за намалување на цените на горивата и заштита на стандардот на граѓаните. Меѓу мерките се намалување на стапката на ДДВ за горивата од 18 на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи. „Потребно е итно воведување на мерките. Владата мора да реагира веднаш, затоа што нè очекува голема криза поради ова. Народот нема да може да има пари за храна“, соопштија од СДСМ. Од партијата додаваат дека веќе имаат подготвени предлог-законски решенија и дека тие ќе бидат поднесени во Собранието. СДСМ цена на горива Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off