Работнички го освои Куманово и се врати во игра за опстанок

Работнички го освои Куманово и се врати во игра за опстанок 1.МФЛ 2025/2026 Филип Здравески 16.03.2026 / 16:48 Фудбал Фудбалерите на клубот од Дебар Маало попладнево триумфално минаа низ Куманово совладувајќи го Башкими и ја вратија неизвесноста во битката за избегнување на испаѓањето во втората лига. Фото: ФК Работнички Работнички ја запиша четвртата победа во последните пет натпревари и на незгодното гостување кај Башкими во Куманово, победувајќи со 2:1. „Романтичарите“ со новите три бода се доближија на само 4 бодови од бараж зоната, подвиг кој на полусезона изгледаше нереален со оглед на тоа што Работнички беше закован на претпоследното место со само 7 бодови, а сега има 19. Ова 23. коло се комплетираше денеска оти својот меч во Кратово го одиграа Силекс и Пелистер, каде мрежите мируваа за поделба на бодовите. Работнички серијата одлични резултати ја почна од Струмица каде со 4:3 триумфираше над Брера, ја продолжи со 3:0 победата над Шкупи, а потоа го совлада и директниот ривал за опстанок Арсими со 1:0, додека во меѓувреме потфрли само кај Македонија ЃП губејќи со 3:1. Во наредното коло Работнички в петок го пречекува Силекс. Табела: ФК Работнички 1.МФЛ Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро On