По натпревар во Кисела Вода нападнати двајца фудбалски судии Филип Здравески 16.03.2026 / 17:32 Хроника Стадионот „Цементарница“; фото: Филип Здравески Пред два дена во полицијата е пријавено дека во службени простории на стадионот „Цементарница“ во Кисела Вода, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Кул и ФК Кожуф во втоарат помлада пионерска лига, двајца фудбалски судии биле физички нападнати од Р.Ц. (57) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок согласно Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. Натпреварот завршил 1:1, а гостите од Гевгелија повеле со 1:0 во 7. минута од пенал, додека домашните во 70-тата израмниле. натпреварот с уште не е заведен како одигран во системот на ФФМ, а воопшто не започнал мечот помеѓу истите екипи, но во категоријата пионери, кој требало да почне веднаш по завршувањето на претходниот. „Натпреварот не беше одигран поради физички напад на двајца судии од страна на претставник на домашната екипа“, напишал делегатот за неодигрувањето на втората средба. Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off