Сообраќајна несреќа се случила попладнево на регионалниот пат Кочани – Виница, поради што сообраќајот на овој патен правец е во прекин. Според неофицијални информации несреќата се случила околу 13:44 часот, при судир меѓу патнички возила „мазда“ и „фолксваген поло“. Едно лице починало на местото на несреќата, додека неколкумина повредени со возила на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Кочани. На местото на несреќата интервенирала и екипа на Територијалната противпожарна единица, која работела на извлекување на починатото лице од возилото. Од АМСМ информираат дека сообраќајот е затворен во двата правци. Од 14 часот патниот правец Кочани-Виница во близина на ресторан Шагал е затворен во двата правца поради случена сообраќајна незгода“, информираат од АМСМ.