Баерн остана без сите голмани, тинејџер ќе брани на реваншот со Аталанта уефа лига на шампиони 2025/2026 Филип Здравески 16.03.2026 / 18:45 Фудбал Баерн веќе избори пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако во првиот меч во Бергамо ја прегази Аталанта со 6:1, но на неодреден период се соочува со сериозен проблем. Четворицата голмани се повредени, никој од нив нема да биде во тимот за реваншот против Италијанците. Свен Улрих се повреди на натпреварот од 26. коло од Бундеслигата против Баер Леверкузен (1:1), одигран во саботата. Во соопштението за медиумите, клубот од Минхен објави дека по деталниот медицински преглед е утврдено дека сѐ уште не е познато колкава пауза му претстои. Германските медиуми потсетуваат дека Баерн има проблеми со повредите на голманите, бидејќи Мануел Нојер и Јонас Урбиг од претходно се повредени. Нојер се повреди на 6 март на натпреварот од Бундеслигата против Борусија Менхенгладбах (4:1), додека Урбиг заработи потрес на мозокот пред пет дена во првиот осминафинален меч од ЛШ против Аталанта. Повреден е и 19-годишниот Леон Кланац, кој брани за вториот тим на Баерн во третата лига, а е и репрезентативец на Германија до 19 години (има хрватско потекло). На 18 март играчите на Баерн ќе ја пречекаат Аталанта во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, а Ленард Прескот, кој има само 16 години, би можел да дебитира на голот на германскиот великан. Роден во Њујорк, израснат е во Минхен и дури е и репрезентативец на Германија во младинските категории. View this post on Instagram A post shared by Keeperstop.com (@keeperstopgk) Баерн Лига на шампиони Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро On