Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Мајами Филип Здравески 16.03.2026 / 19:28 Тенис Најдобриот играч во историјата на тенисот, Новак Ѓоковиќ, официјално се повлече од турнирот од серијата Мастерс 1000 во Мајами. Официјално е потврдено дека Ѓоковиќ се откажа поради повреда на десното рамо. Истата повреда го мачеше и во Индијан Велс, каде што 38-годишникот загуби во осминафиналето од Џек Дрејпер по малку повеќе од два и пол часа борба, а одлуката за повлекување ја донесе еден ден пред главниот жреб, беше потврдено на веб-страницата на АТП. Сè уште не е познато кога планира да се врати на теренот, но она што е познато е дека Ѓоковиќ ќе изгуби 650 поени, бидејќи нема да го брани минатогодишното финале. Во кариерата, Ѓоковиќ, шест пати го освои Мастерсот во Мајами. Мастерсот во Мајами, вториот од серијата оваа година, закажан од 18 до 29 март. Новак Ѓоковиќ Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off