Алегри: Да бидеме реални, целта на Милан е ЛШ, а не титулата во Серија А

Алегри: Да бидеме реални, целта на Милан е ЛШ, а не титулата во Серија А Филип Здравески 16.03.2026 / 19:37 Фудбал Лацио го победи Милан со 1:0 во 29-тото коло од Серија А. Со овој пораз, Милан значително ги намали шансите во ловот на водечкиот Интер, кој сега има 8 бодови предност. Во случај на победа, Милан можеше да стигне до негатива од 5 бода, откако Интер киксна играјќи 1:1 дома против Аталанта во саботата, но голот на Густав Исаксен во 26. минута го реши натпреварот на „Олимпико“. „Знаевме дека ова ќе биде тежок натпревар, особено откако навивачите се вратија на стадионот. Се мачевме во првото полувреме, направивме премногу технички грешки. Во второто полувреме тие го загубија ритамот, а ние игравме подобро, иако не успеавме да постигнеме гол“, рече тренерот на Милан, Масимилиано Алегри, и ги истакна целите на Милан до крајот на сезоната. „Сите зборуваа за шампионската титула, а по ремито на Интер со Аталанта можам да го разберам тоа, но мора да бидеме реални и да се фокусираме на нашата цел, а тоа е Лигата на шампионите. Во спротивно, ќе уништиме сè што градевме со месеци, а тоа не би било добро бидејќи сме на важен пат“, рече популарниот Макс. Масимилијано Алегри Милан Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро On