Мерц: Германија нема да учествува во војната против Иран бидејќи нема меѓународен мандат

Сојузна Република Германија нема да учествува во американско-израелската војна против Иран, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, истакнувајќи дека таквата акција нема мандат од Обединетите нации или од Европската Унија. - Немаме мандат од Обединетите нации, Европската Унија или НАТО, што е неопходно според Устав. Затоа, од самиот почеток беше јасно дека оваа војна не е прашање на НАТО - рече Мерц на прес-конференција во Берлин. Германскиот канцелар додаде дека Соединетите Американски Држави и Израел не ја консултирале Германија во врска со покренувањето на нападот. „Кога станува збор за Иран, никогаш не е донесена заедничка одлука за тоа дали воопшто треба да се интервенира. Само по себе, затоа, не се ни поставува прашањето за евентуално воено учество на Германија“, нагласи Мерц. (МИА)