Вучиќ: Србија гради силна одбрана

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја посети фабриката за наменска индустрија „Милан Благојевиќ – Наменска“ во Лучани, каде што разговараше со менаџментот и работниците за понатамошниот развој на компанијата, новите инвестициски циклуси и улогата на оваа фабрика во зајакнувањето на одбранбените способности на Србија. За време на посетата, најави дополнителна државна поддршка за развој на наменска индустрија, но исто така рече дека Србија продолжува да гради силна и модерна одбрана, со јасна порака дека нејзина главна цел е зачувување на мирот.