Верстапен и Алонсо огорчени, Хамилтон ужива во новата Ф1 ера формула 1 2026 Филип Здравески 16.03.2026 / 20:32 Ф1 Тројцата најуспешни возачи на денешната Формула 1, Луис Хамилтон, Макс Ферстапен и Фернандо Алонсо, излегоа со сосема различни впечатоци за новата ера на шампионатот по Големата награда на Кина. Додека Хамилтон е воодушевен од дуелите на патеката, Верстапен верува дека новото тркање „нема никаква врска со вистинскиот автомобилизам“, додека Алонсо ја опишува сезоната како „светско првенство на батерии“. По трката во која го освои првиот подиум за Ферари, Британецот особено ја пофали борбата со својот тимски колега, Шарл Леклер. „Беше фантастично тркање. Веројатно најдобрата борба што ја доживеав во Формула 1“, рече Хамилтон, додавајќи дека дуелите за време на трката биле како картинг – постојана битка напред-назад без контакт. Сепак, Верстапен има сосем спротивно мислење. Возачот на Ред Бул се повлече од трката поради проблеми со системот за обновување на енергијата и беше многу критичен кон новите правила. „Ако некому му се допаѓа ова, тогаш не знае како изгледа вистинското тркање. Ова е како Марио Карт. Престигнуваш некого со 'засилување', потоа батеријата ти се празни и на следната кривина тој повторно те престигнува“, рече Верстапен. Слично размислува и Алонсо од Астон Мартин, кој ја опиша новата сезона кратко и јасно: „Ова е шампионат на батерии“. How close was this! ? Leclerc and Hamilton did not leave much margin between them in this battle #F1Sprint #ChineseGP pic.twitter.com/wl5KzEKEI9 — Formula 1 (@F1) March 14, 2026 Новата генерација хибридни мотори во Формула 1 се базира на речиси еднаква распределба на моќноста помеѓу моторите со внатрешно согорување и електричната енергија. Системот на дополнителна електрична моќност овозможува полесно престигнување, но ги остава возачите без енергија по нападот, па затоа тие често се изложени на брзо контра-престигнување. Поради ова, повеќекратните промени на позициите се случуваат сè почесто на трките, што носи атрактивни дуели, но исто така го поставува прашањето дали таков систем ја менува самата суштина на возењето. Fernando Alonso saluda a Checo Pérez cuando este le adelanta #F1 #ChineseGP pic.twitter.com/lPmTxeSfqL — Fórmula Directa (@FormulaDirecta) March 15, 2026 Шефот на Мерцедес, Тото Волф, верува дека публиката ужива во новиот формат. „Видовме многу престигнувања. Во минатото имавме трки без ниту едно престигнување. Можеби понекогаш сме премногу носталгични за старите денови“, рече Волф. Во наредните недели се очекува челниците на Формула 1 и ФИА да разговараат за можни измени на правилата за да се намали влијанието на батериите врз возењето. Следната трка од Ф1 ќе се вози на познатата „Сузука“, а Големата награда на Јапонија е закажана за 29 март. Ф1 Макс Верстапен Фернандо Алонсо Луис Хамилтон Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off