Собослаи: Ако продолжиме вака ќе играме во Конференциската лига

Собослаи: Ако продолжиме вака ќе играме во Конференциската лига Филип Здравески 16.03.2026 / 20:53 Фудбал Унгарскиот играч од средниот ред, Доминик Собослаи, постигна уште еден спектакуларен гол директно од слободен удар, но тој гол не беше доволен Ливерпул да го победи Тотенхем (1:1). Ливерпул, против тимот што сѐ уште нема победа во 2026 година, остана без планираните три бода во 90-тата минута, кога лошата реакција на Робинсон ја искористи Ришарлисон. „Мора да се разбудиме. Ако продолжиме вака, следната година ќе го прославиме пласманот во Конференциската лига“, ја изрази загриженоста Собослаи додека зборуваше за „Скај Спортс“. Ливерпул е на петтото место на табелата и има само еден бод повеќе од шестопласираниот Челси, а два помалку од четвртата Астон Вила. Ливерпул Доминик Собослаи Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off