Македонија тагува и се сеќава, Филипче ги исклучува Шилегов и Деспотовски

Во исто време кога цела Македонија е посветена на споменот на  трагично загинатите 63 ангели во кочански Пулс, Венко Филипче симултано најде време да ги исклучува од партија непослушните Петре Шилегов и Јован Деспотовски. Граѓаните се фрапирани на социјалните мрежи, како може на ваков ден, откако и самиот беше во Кочани и ја почуствува атмосферата на разбирање, емпатија, тага, човекољубие и поддршка, Венко во стилот на Доктор Џекил и Мистер Хајд да се врати во Скопје и по лична иницијатива да свика итна седница за разрешување на Шилегов и Деспотовски? Не можеше ли да почека до утре за да ги  исклучи сопартијците, кои меѓу другото имаат десет пати поголем стаж во СДС од него, од бившиот советник на Тодоров во владата на Груевски. Сопартијци кои застанаа против неговото и Заево самоволие во СДС и имаа храброст да укажат на инфантилното дејствување на раководството предводено од Филипче? Денешниот потег во време на ваков траор и болка наликува на времето на Информбирото, кога партијата е пред се, а пресметката со неистомислениците брутална. Да имаше Голи Оток, веројатно сега таму ќе беа Петре и Јован. И многумина други. На социјалните мрежи Филипче има два прекара. Првиот е Заев Трети. Втори е Ковачевски Таче. Вториот е Волшебникот Венко Тарара - пет минути добар, пет минути лош... Ќе има ли сили некој во СДС да му каже НЕ на октроираниот диктатор Филипче, а со тоа и на киднапирачот на истата таа партија, Заев? Вака ли крајот мириса?