СДСМ со одлука за исклучување на Петре Шилегов Филип Здравески 16.03.2026 / 21:22 Македонија Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на СДСМ, соопштија од партијата. „Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до 'Руднап%. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре.“ Сега, потенцираат од СДСМ, на сите им е јасно дека станува збор за „платформа за рушење на СДСМ“. Петре Шилегов СДСМ Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On