Калас: Брисел не успеа да усвои нови санкции против Русија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија не успеаја да постигнат договор за 20-от пакет санкции против Русија на состанокот одржан во Брисел, што е нов показател за сложените политички односи и различните интереси во самата Унија. Во исто време, европската дипломатија се обидува да дефинира долгорочна безбедносна стратегија во светлината на војната во Украина, кризата на Блискиот Исток и сè поизразените геополитички тензии, пренесуваат светските агенции.