Смилковски: Да дадеме максимум и да го изненадиме противникот

Македонскиот претставник во АБА 2 лигата екипата на ТФТ утре го игра првиот четвртфинален натпревар од плеј офот. Противник им е второпласираниот тим од регуларниот дел Златибор, а поради подобриот пласман првиот натпревар се игра на теренот на противникот. Не очекува исклучително тежок натпревар, прв од четвртфиналната серија со тимот на Златибор. Станува збор за екипа која има сериозен континуитет на работа и успеси. Во составот имаат искусни домашни играчи и неколку странци и предвоени се од тренерот Страјин Недовиќ. За нас ова е прво учество во плеј оф од АБА 2 лигата. Сепак со сериозен пристап кон натпреварот и со најдобра верзија да го дадеме максимумот и да се обидеме да го изненадиме противникот, изјави тренерот на ТФТ Боро Смилковски. Утрешниот натпревар почнува во 18 часот. Плеј оф серијата се игра во два добиени натпревара, а следниот дуел се игра на 24.март во Скопје. Во другите четвртфинални дуели играат: Широки – Јахорина, Сутјеска – Слобода и Војводина – Домжале. (МИА)