Кошаркарите МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер забележаа победи во натпреварите од 19.коло во Супер лигата. Двата тима успеаја да ја оправдаат улогата на фаворити во дуелите против Тиквеш и Гостивар, но многу потешко од очекуваното. На натпреварот одигран во Јане Сандански, актуелниот шампион МЗТ Скопје го победи кавадаречки Тиквеш само со три поени разлика 88-85. […]