Без вода дел од булеварот АСНОМ

Без вода денеска од 9.00 часот ќе бидат корисниците на дел од булеварот АСНОМ, од број 24 до број 116. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на ф-150мм на булеварот АСНОМ број 68. Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје, ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.