Вуди, преслатко мало бело куче со црни уши и сиво-црни дамки, неодамна го освои интернетот и стана популарен благодарение на својата необична „јазична способност“. Вуди воопшто не реагира на наредби на англиски јазик, но затоа совршено ги разбира оние на шпански. Во видео објавено на платформата ТикТок, неговата сопственичка објаснува дека нејзиното милениче разбира исклучиво шпански, и тоа го демонстрира пред камера. Видеото досега има над 1,8 милиони прегледи. На снимката сопственичката му дава наредба на англиски, но Вуди збунето ја набљудува. Но откако ќе му се обрати на шпански, тоа без двоумење реагира. Корисниците на социјалните мрежи оставија голем број позитивни и духовити коментари. „Ги сакаме момците што зборуваат повеќе јазици“, „Обожавам да гледам кучиња што разбираат различни јазици“, „Навистина е пресладок“, како и „Имав померанец и беше двојазичен“, се само дел од коментарите. Тиктокерката одговори на прашањата од следбениците, откривајќи дека претпоставува дека Вуди е малши (Malshi) - мешавина од расите ши-цу и малтезер. Според објавената студија на страницата на Американскиот кинолошки клуб, кучињата не ги разбираат јазиците на ист начин како луѓето, туку учат да поврзуваат одредени звуци со конкретни дејства. Доколку за време на дресирањето постојано слушаат заповеди на одреден јазик, токму тие зборови ќе ги поврзат со одредено однесување. По ова, не е воопшто чудно во двојазични семејства животното да реагира само на јазикот што се користи почесто.