Запален „Роверот“ на Курто Дудуш

Запален е автомобилот кој го управувал градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш, а во сопственост на неговата сопруга Фатима Османовска. Полицијата рано утрово добила пријава за опожарено возило на подрачјето на Шуто Оризари. -На 17.03.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.О.(37) од Скопје. Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале едно маскирано лице кое истурило течност на возилото, по што веднаш се запалило возилото, информира МВР. Од МВР додаваат дека повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.