Облачно и посвежо ќе биде времето следните денови. Веќе од попладне и во текот на ноќта се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоистичен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Утре и во четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови, а поради спуштање на постудена воздушна маса од север, на планините и на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да преминуваат во снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен, а од петок од северен правец. Температурите ќе бидат во опаѓање. Утринските температури ќе се спуштат под нула, а дневните ќе достигнат до 16 степени.