И по демантот од Кабинетот на Кос: Филипче вергла ко „расипана плоча“ за Тројански коњи и магариња од ТЕМУ

Цела недела по демантот од кабинетот на еврокомесарката Марта Кос дека Македонија не  е субјектот во изјавата дека во ЕУ нема место за Тројански коњи , изјава во која сите нормални ја препознаа Србија која деновите купи кинески ракети, Венко Филипче и натаму го тера натративот кој пред него го верглаа Жерносвки, Богданка, па Шмрчко. Сега, редот бил на него, да ја лаже јавноста со изветвената, бајата СДС конструкција, со која ајваните го покажуваат бескрајното ниво на инфантилност која состојба како зараза се прошири низ партиските редови. И така, со вест нова како ланскиот снег, Венко промуќурно и многу издишано срочи и индолентно „предупреди“ дека од ЕУ ѓоамити веќе пристигнувале сериозни пораки, кои ајваните од Бихаќка, за жал, не ги разбрале. „Имаме сериозна изјава, предупредување од еврокомесарската Марта Кос дека нема место за нови членки на кои Русија и други имаат влијание и дека Европа не сака тројански коњи. И тоа е многу сериозна и силна порака“ , рече потресениот познавач на коњи и многу партиски магариња од Тему, Венко Филипче. Можеби, во време на ВИ, требало само да си прашаат на нет околу ова. Иако, велат дека понекогаш, ниту вештачката интелигенција нема шанси да се справи со природната глупост.