Концертот на Јаков Јозиновиќ на 9-ти април во СЦ „Јане Сандански“ речиси распродаден

Регионалната сензација Јаков Јозиновиќ ја најави својата турнеја за 2026 година „Ја за чуда летим“, во чии рамки тој за првпат ќе настапи во Скопје – на 9 април во Арена „Јане Сандански“! Неодамна Јаков ги објави и своите први два сингла „Поље ружа“ и веќе најслушаниот хит во целиот регион „Ја волим“ кој само за нешто повеќе од еден месец на YouTube оствари скоро 11 милиони прегледи. Со овие изданија Јаков го најави новото поглавје во својата музичка кариера, кое ја вклучува и големата регионална турнеја која е во тек и со која ги полни салите до последно место ширум бившите ЈУ простори . Во рамки на турнејата тој ќе одржи концерти во Арена Загреб, дури пет концерти во Сава Центар (Белград), како и настапи во  Нови Сад, Риека, Сплит, Осијек, Љубљана... и секако големиот концерт во Скопје, закажан за 9-ти април во СЦ „Јане Сандански“. Еуфоријата по новата млада музичка ѕвезда насекаде е незапаметена, а побарувачката за билети огромна. Така е насекаде, така  е и во Македонија, каде за скопскиот концерт веќе се распродадени повеќе од  70% ( седумдесет проценти) од капацитетот на арената „Јане Сандански“, известува организаторот. Билети се' уште може да се набават онлајн на мрежата на: mktickets.mk/en/concerts-en/jakov-jozinovic-ja-za-cuda-letim/ Фото: Инстаграм/jakov.jozinovic