И Данците го објавија составот, имаат главоболки во одбраната КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО - БАРАЖ Филип Здравески 17.03.2026 / 13:25 Фудбал Селекторот Бриан Ример не може да смета на неколкумина стандардни за баражот против Македонија, па на списокот стави и осуммина дебитанти. Данците на располагање ќе имаа 25 фудбалери за мундијалските баражи, но за натпреварот со Македонија бројката ќе биде 24 оти стоперот на Фулам, Јоахим Андерсен, мора да одлежи суспензија поради жолти картони. Поради повреди воопшто не се во комбинација искусниот голман Каспер Шмајхел (Селтик), левиот бек Патрик Доргу (Манчестер Јунајтед) и стоперот Андреас Кристенсен (Барселона). Тоа значи дека Ример против Македонија ќе истрча практично со сосем друга одбрана. Сепак, офанзивата на Данците делува застрашувачки бидејќи е предводена од Каспер Хојлунд, кој растура сезонава за Наполи (10 гола на 25 меча во Серија А), а негова поддршка ќе биде искусниот Кристиан Ериксен, кој сега ги брани боите на Волфсбург. Дебитанти се голманите Херманесен и Јунгдал, стоперот Провстгард, левиот бек Бак, браќата Нартеј од средениот ред и напаѓачите Осула и Хеј. Токму последниот е од Боде/Глимт, за кој игра одлично во Лигата на шампионите постигнувајќи 5 голови и 3 асистенции. Македонија и Данска играат на 26 март во Копенхаген, а нашиот селектор Гоце Седлоски синоќа го објави својот список . Данска фудбал СП 2026 Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро On