ВИДЕО: Шпанскиот хорор „Вероника“ е толку страшен што ретко кој успева да го догледа до крај

Според Нетфликс, од голем број хорор филмови достапни на стриминг платформите, еден особено се издвојува. „Станува збор за шпанскиот филм „Вероника“ од 2017 година, кој според тврдењата е толку страшен што многумина морале да го исклучат пред да заврши“, пренесува Индекс. Филмот на режисерот Пако Плаза е дополнително интригантен затоа што се базира на вистински настан. Во приказната се работи за Стефанија Гутиерез Лазаро, девојка која починала во Мадрид (1992 година) под неразјаснети околности. За да биде уште повпечатлив, филмот користи вистински локации, имиња, датуми и часови. Приказната започнува со снимка од вистински повик до итната помош и полициски извештај. На крај се прикажани фотографии од вистинските места каде што се случиле настаните. Според режисерот, филмот не треба да се смета за документарец иако се опишани вистински настани. -Во Шпанија оваа приказна е многу популарна, бидејќи, како што наведуваме во филмот, тоа е единствениот забележан случај во кој полициски службеник во официјален извештај запишал дека сведочел на паранормални појави. Тој документ со службен печат од полицијата навистина е импресивно да се види, изјави Плаза на Филмскиот фестивал во Торонто. Но, мислам дека штом нешто почнеме да раскажуваме, тоа станува приказна, дури и ако станува збор за вест. Доволно е да се прочитаат различни вести за да се разбере колку реалноста се разликува, зависно од тоа кој ја раскажува. Затоа знаев дека нема да се држиме буквално до вистинските настани, додаде тој. Сепак, многу гледачи кои се огласија на социјалните мрежи не се согласуваат со тврдењето дека филмот е премногу страшен за гледање. Еден напиша: „Не е страшен! Приказната е одлична… но дефинитивно не е страшен.“ Друг додава: „Не беше толку страшен, но стана доволно застрашувачки на крајот кога видовме вистински полициски фотографии.“ Третиот кратко порача: „Филмот воопшто не беше толку страшен.“