Флик шокираше пред Њукасл: Барселона е мојата последна работа Филип Здравески 17.03.2026 / 14:45 Фудбал Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, утрово потврди дека тренерот Ханси Флик ќе го продолжи договорот со Каталонците до 2028 година со опција да остане подолго, а германскиот стручњак речиси ги шокираше новинарите на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар против Њукасл, кога недвосмислено изјави дека ќе се пензионира кога ќе ја заврши работата на „Камп Ноу“. „Мислам дека е јасно дека сакам да работам во Барселона, но исто така многу ја ценам и мојата независност. Имам одлично семејство и голема поддршка. Се посветувам на фудбалот, па иако имам време, не размислувам да одам некаде на друго место. Барселона ќе биде мојата последна работа и тоа ме прави многу среќен“, рече Флик. Германскиот стратег додаде дека дури и не ни помислил да зборува за себе: „Фокусот е на натпреварот против Њукасл во Лигата на шампионите. Ова е важен натпревар за нас и за иднината на клубот. Да повторам, среќен сум тука, но одлуките ќе ги донесам дури откако ќе разговарам со моето семејство. Има време“, рече Ханс-Дитер Флик, оставајќи ги новинарите во дилема дали ќе остане до крајот на договорот во 2027 година или до истекот на новиот една година подоцна. ❤️ Hansi Flick: “I’m NOT thinking about joining any other club… or thing like that”. “Barcelona might be my LAST CLUB and my LAST JOB in my career, I’m very ????? at Barça”. pic.twitter.com/YVMHiPN8vR — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) March 17, 2026 Ханси Флик Барселона Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On