ФИФА ја отфрли единствената реална шанса за Иран да игра на Мундијалот фифа светско првенство 2026 канада/сад/мексико Филип Здравески 17.03.2026 / 16:37 Фудбал Управното тело на светскиот фудбал, ФИФА, ја отфрли можноста иранската репрезентација да ги премести своите мундијалски натпревари од САД во Мексико. Порано во текот на денот, шефот на Иранската фудбалска асоцијација изјави дека се во тек разговори за преместување на натпреварите од САД во Мексико за да се обезбеди безбедноста на нивните играчи, поради нападите на САД и Израел врз Иран. Сепак, ФИФА како одговор изјави дека со нетрпение очекува репрезентациите „да се натпреваруваат според однапред утврдениот распоред“, објави BBC. Иран треба да игра против Нов Зеланд на 16 јуни и против Белгија пет дена подоцна, и двата во Инглвуд близу Лос Анџелес, како и против Египет во Сиетл на 27 јуни. Како што е познато, ова Светско првенство за прв пат во историјата се игра во три земји, САД, Канада и Мексико, а започнува на 11 јуни и трае до 19 јули. Минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иако Иран е „добредојдена на Светското првенство“, тој не смета дека е „соодветно“ да присуствуваат „заради сопствена безбедност“. СП 2026 Иран ФИФА Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On