СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.Д.(54) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. При редовна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со словенечки национални ознаки, кое го управувал пријавениот, при што било констатирано дека регистарските таблички биле издадени во Република Словенија за друго патничко возило. The post Кумановец „падна“ на полициска контрола: Возел „Голф“ со словенечки таблички од друго возило appeared first on Press24 .