ФФМ им одзеде 9 бодови на фудбалерките на Љуботен, ниту збор за судиската бламажа

ФФМ им одзеде 9 бодови на фудбалерките на Љуботен, ниту збор за судиската бламажа 1.ЖФЛ 2025/2026 Филип Здравески 17.03.2026 / 19:45 Фудбал На денешната седница на Дисциплинската комисија при ФФМ беше донесена одлука на актуелниот шампион во женската лига да му се одземат 9 бодови како казна за напуштањето на натпревар во знак на протест поради лошо судење. ЖФК Љуботен го напушта теренот во знак на протест за срамното судење „ЖФК Љуботен се казнува со одземање на 9 (девет) бода и парична казна од 750 евра поради напуштање на натпреварот во рамки на 17. коло помеѓу екипите на ЖФК Ас Јунајтед и ЖФК Љуботен“, стопи во соопштението на ФФМ. Оттаму додаваат и дека „Дисциплинската комисија на ФФМ покренува постапка против претседателот на ЖФК Љуботен, Драгољуб Јовановски, поради повикување на фудбалерките на ЖФК Љуботен да го напуштат натпреварот во рамки на 17. коло помеѓу екипите на ЖФК Ас Јунајтед и ЖФК Љуботен.“ Љуботен демонстративно во 75-тата минута при резултат 0:0 го напушти теренот во Струга откако судиите на чело со Вјолца Изеири по втор пат им поништија регуларен гол. При тој втор гол немаше офсајд, а ниту пак фаул оти домашната голманка сама ја испушти топката од раце. Remote video URL ФФМ сѐ уште нема излезено со коментар за срамното судење на овој натпревар кој фрли црна дамка на сезоната во женската лига. Инаку, претходно ФФМ натпреварот го регистрираше со службени 3:0 за Ас Јунајтед. Со оваа ригорозна казна Љуботен од втор падна на четвртото место на табелата со 34 бодови, дури 15 зад лидерот Скопје 2014, со што практично битката за титулата е решена на зелена маса. За потсетување, летоска Љуботен го обели образот на македонскиот женски фудбал во Европа откако за прв пат македонска екипа оствари не една туку две победи и мина едно коло во квалификациите од женската Лига на шампиони. Табела: ЖФК Љуботен 1.ЖМФЛ ФФМ Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On