Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан во денешниот телефонски разговор со рускиот колега Сергеј Лавров повтори дека Турција е подготвена да биде домаќин на следната рунда преговори помеѓу Русија и Украина. Како што се наведува во соопштението од турското Министерство за надворешни работи, Фидан ги потенцира ризиците од продолжување на војната, како по земјите од регионот, така и на меѓународен план. Двајцата министри разговарале и за енергетската безбедност. (МИА)