Невидената магија на руски хокеар: Голот на годината падна во КХЛ

Невидената магија на руски хокеар: Голот на годината падна во КХЛ Филип Здравески 17.03.2026 / 20:55 Останати спортови Ја знаете таа позната порака „не пробувајте го ова дома“. Она што го направи хокеарот на Динамо, Симјон Дер-Аргучинцев, е невиден подвиг на вештина и секако гол на годината во руската КХЛ. Хокеарот на Динамо во неверојатната серија промашени пенали (дури 13) беше актер дури три пати! Првите два обида во првата, а потоа и во шестата серија беа неуспешни бидејќи голманот Загидулин беше одличен, како и неговиот колега од другата страна Подјаполскиј. Но, потоа третиот па беше сè освен среќа, туку невиден гол. Симјон со полна брзина тргна кон голманот, а потоа изведе магичен трик. Ризикуваше пефрлувајќи го пакот на страна, потоа зад грб, а потоа следуваше ненадеен шут одзади, недостижен за Загидулин! POTENTIAL GOAL OF THE YEAR IN THE KHL! (: @khl_eng ) pic.twitter.com/OcqqPrxfhy — theScore (@theScore) March 16, 2026 Тоа беше величествен момент на имагинација и вештина од страна на поранешниот хокеар на Торонто Мејпл Лифс од НХЛ и гол што му донесе победа на Динамо од 4:3 (3:3) над Спартак како единствен реализиран пенал од 14-те удари! Неверојатното московско дерби заврши со спектакл. хокеј Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On