Престана да пуши марихуана по 10 години па откри: „Првите три дена беа најтешки“

Да се откажете од навика која десет години била дел од секојдневието воопшто не е лесно, во што се увери и Бела Роуз, позната на интернет како „OnlyJayus“, која го документираше своето искуство со престанување на консумирањето марихуана. Креаторката на содржини одлучила да престане по десет години, сфаќајќи колку зависна станала, а во видео на „YouTube“ сподели со какви симптоми се соочила.