Командант на ИРГЦ најави посилни одмазднички напади против непријателите

Командантот на Воздухопловните сили на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Маџид Мусави, најави дека иранските сили ќе ги засилат одмаздничките напади против „противниците на земјата“. Во пораката упатена до нацијата, Мусави наведе дека „непријателското небо ќе се претвори во уште поголем спектакл“, истакнувајќи дека планираната ескалација претставува одговор на барањата на јавноста на непријателите да им се зададе посилен удар, пренесува Прес ТВ. Тој додаде дека противниците, како што тврди, не се во состојба да му наметнат пораз на Иран. Неговата изјава дојде во момент кога во Иран се одржуваат масовни собири за поддршка на властите во услови на, како што наведува иранската страна, израелско-американските напади врз земјата. Иранските вооружени сили соопштија дека досега извеле најмалку 60 бранови контранапади врз американски и израелски цели во регионот во рамките на операцијата „Вистинско ветување 4“. Според тие наводи, меѓу целите биле Тел Авив, Ерусалим, Хаифа и Бер Шева, како и американските воени позиции во Катар, Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Саудиска Арабија, Бахреин и Кувајт.  (МИА)