Макрон: Франција никогаш нема да учествува во деблокирањето на Ормутскиот Теснец Александра Спасеска 18.03.2026 / 10:55 Свет Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека Франција никогаш нема да учествува во операции за отворање на Ормутскиот Теснец, што е спротивно на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Париз е подготвен да помогне. Зборувајќи на настан во Белата куќа, Трамп рече дека разговарал со Макрон, давајќи му оценка „8 од 10“ за неговиот пристап кон поттикнувањето на сојузниците да го отворат Ормутскиот Теснец и предложи Макрон да се придружи на напорите поддржани од САД. „Ние не сме страна во конфликтот и затоа Франција никогаш нема да учествува во операции за отворање или ослободување на Ормутскиот Теснец во сегашниот контекст“, рече Макрон на почетокот на состанокот на кабинетот на кој се разговараше за конфликтите на Блискиот Исток. Франција продолжува со своите напори за составување коалиција за обезбедување на Ормурскиот Теснец откако ќе се стабилизира безбедносната ситуација и без улога на САД, соопштија француски претставници, објави AFP. Франција Ормутски Теснец Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On