[ФОТО/ВИДЕО] За оние кои се уморни од секојдневието: Магичен остров без патишта, телефонски сигнал, електрична енергија – и речиси без туристи

На западниот брег на Италија се наоѓа островот Палмарола, кој нема населби ниту патишта. Нема струја, сигнал за мобилен телефон, ниту траектен терминал. Поголемиот дел од деновите, единствениот начин да се стигне до островот е со мал брод од Понца, на осум километри преку Тиренско Море.