Лиса Рина можеби дури и не изненадила, ако се земе предвид дека екстраваганцијата е нејзино второ име, иако сигурно никој не го очекуваше ова. Кога се појави на забавата по Оскарите, сите очи беа вперени во неа. Поточно, сите гледаа во нејзиниот фустан направен од вистинска коса, а како што пишува People, за да се изработи биле потребни околу пет килограми коса. Како што самиот дизајнер Кристијан Кован изјавил на својот Инстаграм профил, користена е човечка коса од докажани, етички извори од три различни добавувачи. Секое праменче е избрано совршено да одговара на бојата на косата на Лиса и е рачно зашиено на основата на фустанот. Горниот дел од креацијата е во форма на корсет, додека остатокот ја следи линијата на телото. Своето модно издание го комплетираше со ефектна огрлица и силна вечерна шминка. Сè беше во нејзин стил. View this post on Instagram A post shared by L I S A R I N N A (@lisarinna)