Николоски за Савески: Тој е професионалец, докажан во својата работа и без ниту една дамка во својата кариера

На Македонија очајно ѝ е потребна правда и владеење на правото. Ѝ треба јасно отворање и процесуирање на случаи кои ќе значат подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем, рече вицепремиерот Александар Николоски на собраниската седница на која се избира државен јавен обвинител.