Поплава од инфантилност на политичката сцена: СДС се договориле ВМРО-ДПМНЕ да одговара?!?!

Втор ден по ред, инфантилната кујна на Бихаќка очигледно претерува со иљачот на Шмрчко и тера еден од најступидните наративи во историјата на македонската политичка сцена. Да не се лажеме и пошироко. Очекуваниот ефект никому не е јасен, освен ако можеби се работи за некаков полтикантски мазохизам и само-желба да служат за потсмев и заебанција, но новата мантра на пи-ар ајваните од СДС е дека, замислете - СДС се договориле ВМРО-ДПМНЕ да одговара?!?!?! За се', разбира се... А, што друго би се договориле СДС? Дека Венко или Заев ќе одговараат ли? Таче можеби е виновен? Во исто време кога ВМРО се „криви“ за Шилегов, Деспотовски и останатите непослушни чеда од стадото на Бихаќка. Гарант, „криви“ се и за војната во Украина, а за конфликтот во Иран, пак, нема никаков сомнеж. ВМРО-ДПМНЕ се и секогаш ќе бидат виновни за се', тоа е општопознат СДС факт и наратив. А тие, гревчиња, за ништо. Виновни се и што СДС загуби како Грчка на минатите избори, како и на претходните три. Ако не верувате, еве директно признание од Венко&компанија. „ Граѓаните не се ниту слепи ниту глуви. Резултатот на изборите беше слаб, затоа што ваквите како Шилегов работеа за ВМРО“, кажаа денеска невините есдеесовци. Ахаааа, таму ли лежел зајакот. Значи, сега е јасно. СДС загубиле 58:6 заради Петре и Деспотовски. Заради ништо друго. Ете, тоа била вистината. Не е „крив“ Венко, сачувај Боже. Заев уште помалку. За Шмрчко, Фани, Ана ве мразам сите и Жерновски пак не станува ни збор. ВМРО-ДПМНЕ се виновни, призна СДС. За се'. И повторно, точно. Прво, што е право, право е. Граѓаните не се ниту слепи ниту глуви. Ашколсун, погодија нешто. Второ. ВМРO-ДПМНЕ се „виновни“ за многу работи што „не им лежат“ на дилетантските дунстери од СДС. „Криви“ се што работат, што имаат идеи, што не се оикофоби преполни со самопрезир и самонегација, што си ја сакаат татковината и народот, што не виткаат кичма како нив, што не крадат како улави, што не верглаат северна, што не се крстат во исполнување туѓи интереси, што не потпишуваат идиотски договори за да останат на власт, што Македонија и Македонецот за нив се најсветото нешто. Повиновни, здравје. „Гилти ес чарџ“, 102%.   П.С. Пред 40 и кусур години ќе ги испратевте на Голи Оток. Под „хитно“! Сега, можете само да клеветите, да ширите лажни вести и да си тонете во антимакедонската тиња. Туку, каде вие Заев? Зошто не е во Макеоднија? Онака, пак и пак за ДРУГАРЧЕ прашуваме...