Шкендија на пенали ја потопи Струга и ја продолжи потерата по куп пехарот КУП НА МАКЕДОНИЈА 2025/2026 Филип Здравески 18.03.2026 / 17:21 Фудбал Шкендија е последниот полуфиналист во Купот на Македонија откако денеска ја победи Струга на пенали во одложената четвртфинална битка. Играчите на Шкендија го слават голот за 2:2; Фото: ФК Шкендија Тетово фотографија од ФК Струга Трим-Лум: Хамза го слави убавецот од слободниот удар Домаќините поведоа преку Радески по 13 минути игра кога поранешниот македонски репрезентативец се најде сам во шеснаесетникот по нафрлувањето од левата страна на сенегалскиот интернационалец Папе Фол. Шкендија долго време се обидуваше да израмни, а тоа конечно се случи на 20 минути пред крајот кога ветеранот голгетер Ибраими го совлада домашниот голман Анџелети. Сепак, дванаесетина минути подоцна, латералниот репрезентативец на Македонија до 21 година, Хамза, постигна прекрасен гол од слободен удар и ѝ донесе нова предност на Струга. Кога сите помислија дека финалистот од минатата сезона ќе биде во полуфиналето, новопечениот македонски репрезентативец Имран Фетаи постигна гол за 2:2 длабоко во судиското продолжение и го однесе натпреварот во пенал-рулет. Домашниот Јевтоски беше трагичар во пенал серијата откако неговиот удар заврши надвор од голот, па Шкендија го обезбеди своето место во полуфинале каде што ќе се соочи со второлигашот Шкендија 77 од Арачиново. Другиот полуфинален дуел е помеѓу Охрид Лихнидос и Силекс. Стадион „Градска Плажа“ во Струга Струга – Шкендија 2:2 (1:0); 4:5 пен ГолоСтрелциви: 13′ Марјан Радески, 82′ Меметриза Хамза – 70′ Бесарт Ибраими, 90′+4 Имран Фетаи Судија: Фатмир Бафто (Охрид) ФК Шкендија ФК Струга Куп на Македонија Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро On