Следува период на променливо облачно време со слаби врнежи од дожд

Следува период на променливо облачно време со слаби врнежи од дожд Филип Здравески 18.03.2026 / 17:43 Македонија Времето утре ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени. Времето во наредните денови Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури наместа ќе се спуштат под 0 степени. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off