Едно лице го загуби животот во швајцарскиот ски-центар Енгелберг, откако кабина на жичница се откачи под налетот на силен ветер и падна на земјата, соопшти денеска локалната полиција, пренесувајќи детали за несреќата што се случи на надморска височина од околу 2.000 метри. Mehrere Leserreporter melden Blick am Mittwochmittag den Absturz einer Gondel in Engelberg. Eine Kabine soll wegen zu viel Wind abgestürzt sein. Ein Rettungseinsatz läuft. https://t.co/LrtHu5ge0L pic.twitter.com/4DBYwx5KMk — Blick (@Blickch) March 18, 2026 Според полицискиот портпарол во Енгелберг, кабината, која има капацитет за осум патници, во моментот на падот превезувала само едно лице. По откачувањето, за кое се претпоставува дека е предизвикано од невремето, кабината силно удрила во земјата, по што се лизнала по снежната падина превртувајќи се неколку пати. Инцидентот бил снимен, а видеото беше објавено од швајцарскиот весник „ Блик “. Засега нема подетални информации за идентитетот и националноста на жртвата. Спасувачката операција била дополнително отежната поради висината и непристапниот терен, поради што бил ангажиран и хеликоптер на швајцарската воздушна спасувачка служба за евакуација на останатите туристи кои биле заглавени во другите кабини на линијата. Веднаш по несреќата, погодената жичница и неколку други лифтови во ски-центарот беа затворени поради безбедносни причини и продолжувањето на силниот ветер. (МИА)