Започна твининг проект „Зајакнување на националниот фитосанитарен систем“

Денес се одржа свечено отворање на Твининг проектот „Зајакнување на националниот фитосанитарен систем“, финансиран од ЕУ- ИПА 2024 година. Проектот е со вкупна вредност од 1,5 милиони евра со траење од 30 месеци. Проектот го спроведуваат надлежните служби во фитосанитарната област од Италија, Грција и Хрватска. Денес, 18 март 2026 година се одржа свечено отворање на Твининг проектот „Зајакнување на националниот фитосанитарен... Posted by Igor Conevski on Wednesday, March 18, 2026 Поддршката е во секторите кои се во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вклучени во креирање на политиките и законската регулатива во областа на здравје на растенијата, производите за заштита на растенијата, официјалните контроли, лабораториските анализи.