Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да ги запре нападите врз Либан. Паролин, кој е главен советник на папата Лав Четиринаесетти, истакна дека воените операции мора да завршат во најкраток можен рок и дека Либан треба да биде „оставен на мир“. - Би рекол дека тие треба да ја завршат операцијата колку што е можно поскоро. Оваа порака се однесува и на Израелците - изјави кардиналот, нагласувајќи ја потребата од итна деескалација за да се спречи понатамошно ширење на конфликтот на Блискиот Исток. Ватикан со загриженост го следи ширењето на воените дејствија и хуманитарните последици, апелирајќи до светските лидери да се вратат на патот на дипломатијата.